OPEN OPTION (ОТВОРЕНА ОПЦИЈА)

OPEN OPTION (ОТВОРЕНА ОПЦИЈА)

Споделете:

Facebook
Twitter
LinkedIn

Автор и режија: Фиоренца Мени (Fiorenza Menni)

Во 2008 година  професионалната театарска група „Театрино кландестино“ (сега ATELIRSI)  од – Италија ја посети Општината Шуто Оризари.  Поради познатиот квалитет на театарот  кој работи на ромски прашања, засновано на големо влијание  во ромската заедница со волонтерски пристап и социјална интеграција на Ромите преку театарската уметност, како и искуството стекнато  на  меѓународните  фестивали,  бевме одбрани за соработка.

Резултатите во однос на оваа соработка  се:

– Книга „Конфини Дијаманти“ во која театарот  Рома  фигурира како ко-автор  на книгата.

Содржината на книгата е заснована на работилница која се спроведе во период од 30 дена со аспекти на  животот на Ромите во Општина Шуто Оризари.

-Театарска претстава „Отворена опција“  е направена во ко- продукција на нашиот театар со  професионалната тетратска група „Театрино кландестино“( сега со ново име AtelierSi)  од Италија . Претставата премиерно се изведе во 2009 година во Болоња, Италија.

Со оваа соработка, театарот Рома даде големо влијание во развојот на општата слика за културата, традицијата и менталитетот  на Ромите кои живеат во Италија.

Во Јануари,  2010 година, Театарот Рома  учествуваше на меѓународниот фестивал, што се одржа во Трст, Италија каде беше  изведен перформанс под името „Проблеми во заедницата“ во продукција   на професионалната театарска група  „Театрино кландестино“ – Италија.

Оваа соработка е  долгорочно воспоставена,  конструирана со идни  предлог-проекти и перформанси  на професионално ниво.

 

Линк: Аteliersi.it

Коментирајте

Зачленете се за новости