со други театарски куќи во земјата и странство, како и учество во културни настани театарски манифестации и на глобално ниво
на театарот како алатка за промовирање на социјалните промени
на стереотипите и предрасуди дискриминација, преку уметноста
Генерирање на капацитет за ромски театар преку институционализација и воспоставување на ромска драма во следната деценија. Главната улога на институцијата ќе биде да се произведат квалитетни театарски претстави кои ке придонесат во зачувување на ромскиот идентитет преку претставување на разни интереси/потреби на ромската заедница првенствено во Република Македонија, но и во странство.
Актер во театар Рома-Скопjе
Роден (03.09.1967 година) во Скопје има заврши средно стручно образование и претставува еден од основачите на театар Рома – Скопје. Oд 1998 година учествува на секој проект т.е. претстава од театар Рома, толкува разни главни и споредни улоги, а исто така е автор и режисер на неколку драми помеѓу кои и познатата комедија „Каков татко, таков син“. Шабан е голем активист за културолошките вредности кон театарот и неговата животна амбиција е еден ден да се отвори Ромски народен театар или Културен центар. Со пререгистрација на театарот Шабан од 2017 година е избран за Претседател на театар Рома.
Координатор и актер во театар Рома
Роден на 29 декември 1980 година во Скопје. Говори три јазици и тоа : германски, француски и англиски. Од 2001 година се приклучува кон театар Рома- Скопје и веднаш е назначен како лице за односи со јавност. Амет има учествувано во разни театарски проекти како актер, како на пример:
Сите проекти во кои учествува се поврзани со ромската кауза каде уметноста се користи како позитивна промена во животот на Ромите.
Преку учество на домашни и странски познати театарски фестивали (Шведска, Турција, Франција, Словачка) постојано ја претставува општина Шуто Оризари како пример, дека Ромите сакаат да бидат интегрирани и да бидат дел од општеството. Како режисер, се има претставено преку неколку продукции – едукативни настапи со деца од основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид“, кои беа со едукативен карактер на темата „Пороци“ на 21 век. Во исто време, од 2004 до 2006 година, има работено како локален асистент на Меѓународната организација за мигранти (ИОМ). Од 2016 година работи како Фасцилитатор во ромската НВО од Скопје ИРИЗ за промовирање на здравјето и пристап до здравствени услуги а од 2017 година е избран за Претседател на Граѓанската организација ИРИЗ од Скопје.
Со завршување на основното и средното образование во родниот град Тетово, својата академска кариера ја започнува во Скопје… По завршувањето на студиите продолжува во Германија каде ја отпочнува својата кариера како претприемач, во Австрија го основа првиот мобилен детски театар Камелеон во соработка со доајените на Театарската Педагогија. Автор е на многу дела вклучувајќи ја и Доктрината: Простор на Објективно-Идејна Критика во Доктрината. Со театарот се занимава од мали години во културниот дом Иљо Антески Смок, таму ја пронаоѓа својата прва љубов, глумењето во театар. После успешни проекти на глобален пазар, се враќа во Македонија да се посвети целосно за изградба на Академски Институт кој ќе го верифицира и издигне на високо ниво Театар Рома, целосно го посветува своето стекнато знаење во изградба на оваа институција.
Одвоени проекти: POICID (Place of Idea Critics Inside Doctrines), Hunter of Nothing (Novel), Pointer (Novel, Theater Play), 92 days (Theater Play), I KNOW WHO YOU ARE (Feature Film, – post prodiction), ADA Sandzaklije (TV Series, pre-production) еtc.
Во театар Рома се приклучува од 2017 година.
Санела е родена во Скопје на 07.04.1979 година. Високо образование заврши на Факултет за драмски уметности како актер, во класата на Владимир Милчин. По дипломирањето продоложува со учество на разни театарски проекти како: „Смрт после 12“; „Ме сијум дај, ромни, чхај“; „Што е тоа риба“; „Пхaго суно“; „Скуплачи перија“ во режија на Рахим Бурхан, епизодна улога во серијалот Наше Маало, учество во реклами – Солзите се исти- здрав живот здрава навика, синхронизација на гласови, режира и автор е на детски театарски претстави, учествува на Форум театри каде за истите е автор и режија, Филмови – Нетт Зоки Поки- Во Ноќта 2020год. НЕТФЛИКС, автор и режија на документарец за ОУ Браќа Рамиз и Хамид….
роден на 09.10.1988 година. Во 2011 година дипломира како актер на Тетовскиот Универзитет на Факлтетот за драмски уметности. По дипломирањето игра на неколку претстави во Албанскиот театар на Албански јазик. Има снимено три документарни филмови и еден сериски филм на Албански Јазик „КОМПАНИЈА“ во режија на Сулејман Рушити. Исто така, зема учество на Фестивалот Чернодрински, со Тетовскиот Театар во режија на Сулејман Рушити. Во 2017 год се приклучува на тимот на театар Рома и од тогаш учествува на сите проекти на театар Рома-Скопје.
Долго време е вклучен во невладиниот сектор, скоро две децении. Работел за неколку ромски, не ромски и меѓународни здруженија на граѓани на различни позиции од кои позначајни се Финансиски менаџер, Ассистент на проект и Координатор на проект. Проектите на кои што бил вклучен биле од различни области и тоа: Домување, Образование, Здравство, Социјална заштита, женски права и др. Има посетено голем број на семинари, конференции, симпозиуми и др. како во земјата така и во странство. Едно од позначајните е Глобалниот Симпозиум во Њу Делхи, Индија организиран од Копасах на тема Државјанство, Управување и Отчетност во здравството. Фадил Џемаил е студент на Додипломски студии на Првиот Приватен Универзитет – ФОН на Факултетот за Странски јазици – Англиски јазик, Наставна насока. Има посетено колеџ во Израел. Дваесетдневна интернационална програма на тема ,,Превенција од ХИВ/СИДА и Менаџмент (раководење со проекти, проектен циклус и човечки ресурси). Стажирање во Советот на Европа во Стразбург во Директориумот Социјална кохезија – Одделение за Роми и Миграции. Во Здружението на Граѓани ТЕАТАР РОМА Скопје е вклучен од самиот нов почеток на здружението каде што е еден од оснивачите со пререгистрација на здружението. Ги води административните работи на здружението и работи како Финансиски менаџер во Здружението на граѓани ТЕАТАР РОМА Скопје.
Роден на 06. Септември 1989 година. Скопје. Има завршено средно образование, а во моментот стдент на Правен факултет, отсек -новинарски студии. Членува во Ромска НВО ИРИЗ од Скопје од 2018 година.
Претходно има стекнато десетгодишно искуство како новинар во двата локални Ромски медиуми.
Уште како помлад е ентузијаст и љубител на театарската уметност, каде зема и учество на неколку театарски претстави.
Дел од проектите завршени со текот на годините:
Од 2019 година, станува член во театар Рома и се надева исто така на поголеми успеси во полето на театарот.
Родена на 12 јуни 1997 година во Скопје. Завршува средно образование во скопската гимназија ,,Јосип Броз Тито,, и запишува студии на Универзитетот св Кирил и Методиј, Филозофски Факултет при Институт за Социјална работа и Социјална политика. Нејзините први контакти со театарот започнаа уште за време на училишните претстави, а прв пат се појави на сцената на Македонски Културен Центар со претстава за Ромска култура и традиција организирана од невладината организација ,,Амбрела“ во 2011 година.Во 2017 стана дел од интернационалниот проект European Caravan кој се состои од театрални и музикални уметности се со цел да се промовира диверзитетот и културата. Две години по ред беше дел од Форум Театар насловен ,,Приказни од Чекалната“ и ,,Сруши го зидот“ каде што беше прикажана дискриминацијата кон Ромите во здравствените институции. Во ноември 2018 г. им се приклучи на театар Рома и беше дел од претставите ,,Кучешки Години ,, и во септември 2019 г. „ Царот Едип“ во режија на Фаат Абедин.
Роден на 30 јануари 1981 година во Скопје по завршувањето на средното училиште заедно со уште неколку ентузијасти основа драмска секција и продуцира неколку театарски претстави. Со истите учествува на регионални средношколски театарски фестивали во Скопје. Дел од проектите завршени со текот на годините:
Од 1999 година до 2002 година беше волонтер во германската невладина организација БАЛКАНСАНФЛОВЕРС стационирана во општина Шуто Оризари како локален асистент и режисер на театарски претстави за деца од едукативен карактер. Од 2005 година станува член на театар Рома и е дел од сите проекти на театарот. Воедно, Гулсен е ТАТТОО артист со што дополнително добива уметничка сатисфакција.
Фикрије има 18 години, има завршено средно образование на СУГС Шаип Јусуф. Учествувала на повеќе театарски претстави во режија на дипл. актерка Санела Емин и тоа: ,, Логор 545“; Новогодишни претстави, претстави од едукативен карактер. Во 2018 година на Ромскиот традиционален бал беше избрана за МИС НАЈУБАВА Ромка. Од почетокот на 2019 година се приклкучи на театарот Рома.
роден на 03.01.1996 година во Скопје, апсолвент на Економскиот факултет при УКИМ – Скопје. Во театар Рома – Скопје се приклучува од своја рана возраст, во 2011 година како дел од актерската екипа која учествуваше на меѓународниот фестивал во Словачка со театарската претстава „Вител“ од Коле Чашуле
Е дел од ПР тимот за промоција на културата и традицијата на Ромите преку театарот Рома. Претходно искуство има стекнато како координатор на проект РОМА РЕФРЕШМЕНТ, финансиран од Министерство за култура на РСМ , како дел од иницијативите на НОВ КУЛТУРЕН БРАН. Заинтересираноста кон театарот ја зајакна токму со овој проект кој се покажа како многу успешен и предизвика кај публиката многу позитивни критики. Оттогаш се проследени и поддржани сите проекти и настапи на театарот Рома.