Режија: Колективна
Сплет од претстави од репертоар на театар Рома.
Координатори: Мелиса Мемиш/Фадил Џемаил/НВО ИРИЗ-Скопје
Водител: Фатима Османовска
Дизајнер на плакат: Дурмиш Ќазим
Во 2017 година театар Рома повторно со нови активности проекти се рестартира, а групата е надградена со професионални академски театарски уметници.
Синопсис:
Ромите често пати се среќаваат со дискриминација врз разна основа. Една од тие причини е немањето доволно информации за културата и традицијата на ромската заедница.
Затоа, со овој предлог проект на јавна трибина како и преку театарска претстава сакаме да ги мотивираме младите од ромската националност во Скопје и околината активно да се вклучат во процесот на афирмирање на ромската култура и традиција и одбележување на датуми значајни за ромската заедница.
Колку повеќе дознаваме за другите дотолку нивото на дискриминација е помало а со тоа ќе се помогне на ромската заедница за полесно и целосно интегрирање во општеството станувајќи полноправни граѓани кои ќе ги уживаат сите права загарантирани со уставот на РМ. Наместо да споделува искуство, гледачот мора да размислува за тоа како да се справи со Сиромаштија, дискриминација…. главната цел на театарот не е да се забавува и поттикнуваат емоции, но за да ја натера публиката да го одразува своето искуство на тој начин што ќе ги охрабрува и поттикнува да го признае ова прашање и да преземе акција.
Со почит, тимот на театар Рома.