Роден на 30 јануари 1981 година во Скопје по завршувањето на средното училиште заедно со уште неколку ентузијасти основа драмска секција и продуцира неколку театарски претстави. Со истите учествува на регионални средношколски театарски фестивали во Скопје. Дел од проектите завршени со текот на годините:
- Театарска претстава „Животот на младите“;
- Театарска претстава „Смрт по 12“;
- Театарска претстава „Реинкарнирана Фатаморгана“- автор: Музафар Бислим – Мусел; режија: Гулсен Умер;
- Театарска претстава „Радост“- автор: Мусафар Бислим – ;
- Театарска претстава „Вител“ од Коле Чашуле; режија: м-р Орхан Јашаровски, како член на театарот Рома,
Од 1999 година до 2002 година беше волонтер во германската невладина организација БАЛКАНСАНФЛОВЕРС стационирана во општина Шуто Оризари како локален асистент и режисер на театарски претстави за деца од едукативен карактер. Од 2005 година станува член на театар Рома и е дел од сите проекти на театарот. Воедно, Гулсен е ТАТТОО артист со што дополнително добива уметничка сатисфакција.