Адаптација и режија: Рамадан Сејфула – Рамче
Автор: Гунтер Грас
Претставата „Кучешки години“ од нобеловецот Гунтер Грас е премиерно изведена на театарскиот фестивал одржан во Младинскиот културен центар – Скопје 21.04.1999 година, каде ни беа доделени неколку награди. Истата претстава, со финансиска поддршка од CARE и UNICEF беше изведена за повеќе од 1000 бегалците Роми од Косово на камповите „Стенковец 2“ и „Даре Бомбол“ – Скопје
Во 2002 година, со претставата „Кучешки години “ од Гунтер Грас нашиот театар имаше чест да ја претстави Централно – Источна Европа и во исто време Република Македонија на меѓународниот театарски фестивал „АРОСИЈА 2002“, што се одржа од 01 до 07 август, во Вастерос – Шведска.
Како уште една потврда за нашиот квалитет и успесите кои ги постигнувавме, претставува поканата за учество од страна на театарскиот одбор на полупрофесионалниот меѓународен театарски фестивал, што се одржа во септември 2007 година во Квебек , Канада, со истата претстава од авторот Гунтер Грас а во режија на Рамадан Сејфула. Поради променетиот политички систем и не приоритизирање на театарот како амбасадор на културни и традиционални вредности, театарот беше оневозможен да учествува и да ги потврди неговите квалитети и успеси.
Синопсис:
Кучешки Години е направена според театарските кануни кои се негуваат во светот на современиот театар. Со визуелен, алтернативен, екпериментален и ритуален со апстрактен алтернативен театар, според познатите театролози Антонио Арто, Станиславски и Питер Брук. Во перформансот “Кучешки години’’ се прикажуваат сите страдања на Ромите за време на Втората светска војна т.е. геноцидот и разни експерименти извршени врз нив. Но сепак Ромите со сите човечки страдања не губат надеж во човештвото. Со суптилни чувства, заедништво како и секојдневието, со своето богатство (култура,традиции и обичаи) еволуираат емоции за борба за опстанок и егзистенција. Никогаш војната не носи среќа за човештвото од страна на агресорите, затоа Ромите, како космополити во глобала го издржуваат белегот што со години наназад, па и денес во 21 век се жигосуваат не по своја вина туку по вина на не-Роми и се во маргините на животна егзистенција и социјализација во општеството.
Покрај тоа што овој народ има нишан на страдања, сеуште не се гаси љубовта, да се сака човек без разлика на боја на кожа и сите други белези што ги носи еден човек. Тие секогаш и со непознати бараат соживот, со надеж за возврат да добијат внимание и трошка љубов. Кучешки години е претстава која сето ова го прикажува преку призмата на Ромите за време Втората светска војна, поточно во 1941 година. Сето ова може може да се гледа и преку други војни (Босна, Косово, Блискиот исток и многу други). Токму поради погоре напишаното, оваа претстава заслужува да го заземе вниманието на сите оние кои сакаат приказната да биде толкувана од Роми. Поради експресионизам и надреализам претставата апелира на сите што ставаат ѕидови пред Ромите и сите оние жртви на човештвото, да престанат сите војни, пружајќи ги своите плеќи да се изгради мост за МИР-БЛАГОСОСТОЈБА-СЛОБОДА.
Со почит, Рамадан Сејфула – Рамче.