Вител

Logo_red

Споделете:

Facebook
Twitter
LinkedIn

Автор: Коле Чашуле

Адаптација и режија: м-р Орхан Јашаровски

Во 2003 година земавме учество на  Драмскиот аматерски фестивал, што се одржа во Кочани од 01 – 06, Мај, со претставата „Вител“ од Коле Чашуле, во режија на м-р. Орхан Јашаровски, за која  освоивме специјална награда за Најдобар експериментален израз на сцена, што претставува една  од позначајните  награди на тој фестивал.

Во 2004 година меѓу  87 апликанти-театарски групи кои аплицирале за учество на Меѓународниот театарски фестивал што се одржа од 22-30 Мај, во Денизли, Турција, беше избран театарот Рома со претставата Вител од Коле Чашуле и во режија на м-р Орхан Јашаровски. Нашиот избор да настапиме на градскиот плоштад предизвика посебен интерес на организаторите на фестивалот, публиката и особено театарските критичари, печатот и електронските медиуми во Турција.

Вo во 2010 година со театарскиот проект ВИТЕЛ  Учествувавме  на меѓународниот театарски фестивал во Банска Бистрица, Словачка.

Синопсис:

Трагајки по еманципаторската и помалку антологиска цел, анализирајки ги : ревионалистичката дискрепција и психолошко-алегоричната теденција, јас во мојот случај Иследникот го покажувам огледално на публиката и со нихилистичка смеа до цинизам, цинизмот до сатира, а сето тоа се покажува негативниот однос на повеќе народи, слеани во еден.
Филозофската синтеза, со една нова и специфична историско национална и дијалектична логика ги барам (барајте ги и вие) повисоките, по универзални филозофско-етички синтези уфрлени некаде длабоко во водовртежот на Балканот.

Тие Умо-помрачувања низ кои проговорува злочинечкиот инстикт на тероризмот, тие кобни витли на погибелта, тие малодушности на самообвинувачите што резоните на своите не-обиди ги бараат во неизбежната несреќа, поради проклетството да бидеш мал и немоќен, тие понижени и до работ на смртта доближени луѓе…
Сето тоа ја гради спецификата на визијата на мојот сценски варијант во ликот на Иследникот со едно вербално и интелектуално надмудрување, што трае во целиот тек на драмата.

Во ВИТЕЛ решив да соберам колку што е можно повеќе лоши работи знаејки поголем дел на неправдини, каде што најмногу од сé се бара од луѓето правдина. Во еден прекрасен дел на авторското исповедување (Предавство нема, но легендата за предавство сепак е заокружена), обремен од своите симболски црти и ситуации со огледален затвореник се обидов да постигнам театарска експресија, загатка и разгатка.
Самата помисла предавство е мошне силна меѓу не-слободните народи, меѓу оневозможените, меѓу потчинетите, ропски ограничените луѓе-ЛЕГЕНДИ.
Затоа во човечка и симболичка природа ја ставам во игра како ИДЕЈНО ОГЛЕДАЛНО, најден во историјата на македонскиот народ, оправдан во ( лапавицата на ова скверно време) современоста, предосетен во иднината. Со други зборови: Како авторот во тогашно време ја гледал судбината на македонскиот народ, така и јас ја гледам сегашноста на мојот (ромски) народ.
Значи…Ништо ново под сонцето?
Во нашиот ВИТЕЛ директно и индиректно проговори една наша егзистенционална тема, тема на слободата (да опстанеш жив), предавството кое што е компромитирано од страна на Иследникот и каде што затвореникот и останува верен на револуцијата.  Тука се доаѓа до прашање? (Треба ли ромскиот народ да…за да е тој учесник во…?)

 

Со почит, м-р Орхан Јашаровски.

Коментирајте

Зачленете се за новости